Њујорчанинот Роберт Скјавели бил осуден на казна затвор во траење од 30 дена и глоба од 500 долари поради тоа што прегласно се смеел во својот стан. Според медиумите, пријавата против него ја поднел негов сосед со кој веќе долго време бил во лоши односи. Скјавели кој живее со својата мајка во стан на Лонг Ајленд рекол дека не знаел дека смеењето претставува кривично дело.
Тој објаснил дека дотичниот сосед постојано го исмевал нарекувајќи го „ретард“, поради невролошките проблеми од кои пател од своето раѓање. Тој се запрашал што друго може да прави освен да се смее кога некој го нарекува дебил. Судијата, и покрај неговите објаснувања, одбил да ја отфрли тужбата, па така Скјавели ќе мора да мине месец дена во затвор поради тоа што на навредите одговорил на најмирољубивиот начин, со смеење.