Игнасио Кабрас, син на италијански производител на вино, кој се занимава со проучување на пабови во внатрешноста на Велика Британија, добил стипендија од 7700 фунти од Британската академија. Тие пари ќе му помогнат да напише студија за улогата на пабовите во социјалниот и економскиот живот во малите средини во Велика Британија.
Кабрас се надева дека неговата работа ќе помогне да се убедат властите да пронајдат начин пабовите да продолжат да егзистираат и во осамените места. Игнасио е голем англофил, минатата година зел британско државјанство, и покрај тоа што неговото семејство поседува лозја на родната Сардинија, и повеќе сака пиво отколку вино.
“Забележав дека жителите во помалите места се многу среќни, посебно во селата. Кога ги запрашав зошто живеат тука, 90 проценти ми рекоа “бидејќи има добар паб“.“

Пред две години напишал студија за селските крчми во Лејк дистрикт, откако поминал во повеќе од сто гостилници. Сега планира да го прошири истражувањето во преостанатиот дел од Англија, и да посети 1700 селски  пабови во места со помалку од три илјади жители.
“Не се работи само за бизнис. Пабовите се место каде се собираат луѓе и каде што се раѓаат нови иницијативи – доброволни и спортски манифестации и слично…“ вели Кабрас.