Еден индиец добил развод на бракот на темел на тоа што сопругата имала постојан апетит за секс, објавиле индиските медиуми. Човекот барањето за развод го поднел на судот во Мумбаи на почетокот на оваа година. Напишал дека сопругата се однесува агресивно и авторитативно, и дека го злоставува со сексуални барања откако се венчале во 2012 година.
Наведува дека го терала да зема таблети за зголемување на сексуалната моќ и дека поради тоа еднаш завршил во болница. Адвокатот во барањето за развод напишал дека таа претставувала опасност за неговиот живот. Со нејзиното грубо однесување неговиот живот бил претворен во пекол.