Разгледница од 1958 година ја изненадила Елизабет Фулчер од Флорида, кога едно утро ја видела во своето поштенско сандаче. Разгледницата била именувана на господин Мек Мури, кој пораснал на адресата каде моментално живее Елизабет, но одамна се преселил. Елизабет одлучила да го пронајде и да му ја даде.

На Фејсбук поставила Фотографија од разгледницата, а пријателите и помогнале да го најде вистинскиот примач на разгледницата.

Кога ја добил, Мек Мури веднаш го препознал ракописот на својата мајка, која ја испратила од еден аквариум во Чикаго.