Арон Фергусон, сметководител кој боледува од анорексија добил отказ во кулинарското шоу “Rachel Ray” поради својата болест. Сега анорексичниот маж заработува за живот тужејќи ја Рејчел Реј, сопственичка на лиценца за шоуто и од неа побарува милион долари.


По два месеци работа на ЦБС телевизијата Фергусон добил отказ. Својата надредена ја обвинува за непријателски и дискриминирачки коментари како „анорексичарите се ментално болни“,  „анорексичарите не би смееле да работаат“.

Фергусон, кој од анорексија боледува шест години, по неуспешното лекување се пожалил на колегите во канцеларијата, по што следувал отказ. Неговиот адвокат изјавил дека Фергусон е казнет поради приговори, а како надополнување за душевната болка бара милион долари, пренесува cnn.com.