Иако германецот Холгер Х. од Силзи 20 години работел како чувар на комбе кое превезувало пари, алергијата на прашина и пари биле виновни тој да добие отказ. Го обвиниле бидејќи ја криел својата болест. Холгер сега ја тужи компанијата за која работел.
Секој ден го возел комбето, а низ неговите раце поминале многу пари. Адвокатот на компанијата на суд рекол дека Холгер развил астма или алергија на прашина, додека неговиот адвокат уверува дека станува збор за обична алергија на полен. Тој бара компензација од 30 илјади евра доколку не го вратат на работното место.