Сопственикот на едно кафуле во Вилнев-ла-Гијар, централна Франција, добил од француската електродистрибуција опомена за струја во износ од нула евра. Во опомената пред исклучување која ја добил на 22 мај, сопственикот на кафулето Лионел Плуинек открил дека на основа потрошена енергија треба да уплати “0,00 EUR”.

Во опомената пишувало дека доколку не ја плати сумата во рок од 10 дена ќе мора да плати камата од најмалку 30 евра.

Сопственикот рекол дека бил подготвен да им испрати чек на нула евра, но некој негов пријател го разубедил. Чекал да види што ќе се случи, а опомената ја ставил над шанкот за да ги насмее своите гости.