Литванецот Аленас Марцулионис на лото добил околу 2 милиони долари. Кога парите му биле исплатени, среќниот литванец сите ги подигнал во готовина. Како вљубеник во алкохолот и брзите автомобили најпрво побрзал во авто салон по спортски автомобил, а потоа се упатил во гостилницата во која бил редовен муштерија. Со пријателите испил поголема количина водка и по затворањето на гостилницата ја провозил келнерката која му се допаѓала во својот нов автомобил.


Тој со голема брзина излетал од патот и заспал. За среќа ниту тој ниту сопатничката не биле повредени. Келнерката повикала помош, не знаејќи дека во автомобилот е остатокот од добивката. Наредниот ден кога се разбудил, Аленас отишол до својот автомобил кој бил потполно уништен. Кога погледнал забележал дека парите исчезнале. Келнерката повеќе не разговара со него, а тој се надева дека еден ден повторно ќе добие на лото.