Мајкл Варнер од Атланта со полно право може да се каже дека е среќен човек. Во еден ден дури три пати освоил пари на лотарија. Прво освоил 20 долари, потоа 500, а на крајот милион долари. Сите три ливчиња ги купил во иста продавница.
Вели дека не можел да дише од возбуда. Сопственикот на продавницата го седнал на стол и му дал блага вода. Ја повикал најстарата ќерка да дојде по него бидејќи не можел да вози од возбуда. Одлучил дел од добивката да му даде на синот кој се подготвувал за свадба.