Еден американец го искршил автомобилот „Ламборџини“ вреден 380 илјади долари, кој го освоил на лотарија само шест часа по неговото превземање. Дреч зелениот суперспортски автомобил „lamborgini murcielago roadster“ сега бил на поправка во еден авто сервис во Лас Вегас. Човекот бил снимен минатиот месец како скока од среќа кога дознал дека го освоил својот автомобил од соништата на лотарија која била организирана од ланецот супермаркети „Маверик“.
Тој рекол дека во неделата вечерта ги повел пријателите и семејството во прошетка со својот нов автомобил. Во еден момент изгубил контрола над автомобилот,удрил во во банкината и на крајот завршил на една ливада. Во несреќата никој не бил повреден. Ламборџинито било оштетено на неколку места, но за среќа на сопственикот било осигурано. Изјавил дека планира да го продаде автомобилот како би ги платил сметките кои му биле насобрани.