Роберт Хамилтон од Индианополис би можел да ја понесе титулата за најсреќен американец бидејќи за три месеци два пати добил на лото по милион долари. Официјалните лица на лотаријата на Индијана соопштиле дека Хамилтон освоил милион долари, но и дека истиот тој износ веќе го добил на лото во април.

Среќниот добитник рекол дека првиот милион ќе го искористи да ги отплати сите финансиски обврски, да купи куќа за себе и сопругата, да оди на одмор и да вложи во бизнис. Вториот милион ќе го искористи да си купи мотор и некои други предмети кои ги посакувал отсекогаш.