Лас Вегас беше домаќин на завршниот турнир World Series of Poker, а во финалето на маста останале само Дарвин Мун(46) и момче кое го шокирало светот на покерот. Џо Када има само 21 година, а стигнал до самиот крај.


Мун во раката имал џандар и дама, и тргнал на all in. Бројот на чипови во тој момент бил изедначен, а младиот Џо имал пар деветки во раката. Тргнал да го прати Мур. На масата излегле две седмици, крал, осмица и двојка и Џо станал најмладиот победник на еден ваков турнир во историјата долга 40 години. Станал побогат за 8,5 милиони долари.