Младински Совет Охрид започнува со реализација на проектот „ДОБАР СОВЕТ ЗДРАВЈЕ ВРЕДИ“. Проектот има за цел да ги промени ставовите и перцепциите кај младите за смислата на сексуалните односи, а со тоа и да ги поттикне младите на грижа за сопствениот психосоцијален развој и репродуктивно здравје.

Со овој проект Младински Совет Охрид ќе работи на освестување намладите за грижа за сопственото репродуктивно здравје, за емоционалното врзување со еден партнер, а исто така ќе ги едуцира како се остваруваат здрави врски и односи и остварување на здраво семејство. Со овој проект ќе се нагласи потребата индивидуата да биде прифатена и почитувана од страна на партнерот како личност,  а некако сексуален објект, а исто така ќе се нагласи примарната функција на органиите за репродукција како и на освестување на младите за развојот на примарните и секундарните полови органи.

Проектот започнува со подготовка и спроведување на масовно анкетирање помеѓу младите на возраст од 14 до 17 години, ученици во осмите одделенија во основните училишта и прва и втора година во средните училишта. Истражувањето ќе се спроведе со цел да се добие сознание за ставовите на младите за значењето и смислата на сексуалните односи, за потребите на младите за сексуални односи како и да се испита дали постои родова стереотипност.

Непосредно со реализација на истражувањето се подготвуваат брошура и флаери, кои ќе бидат дистрибуирани на информативно-едукативните средби кои ќе се организираат во основните и средните училишта во општина Охрид. Во рамките на овој проект предвидено е и оддржување на средби за презентација на резултатите од истражувањето со претставници на повеќе институции во општината кои се занимаваат со проблематиката која ја третира овој проект.

Проектот финансиски е поддржам од Агенцијата за спорт и млади на РМ а координатор е Елена Каневче – психолог во Младински Совет Охрид.

Ohridnews