Каратистите од охридскиот клуб „Чоле“, имаа успешен почеток на новата сезона освојувајќи две сребрени медали на изборното првенство во Скопје за претстојното Светско првенство во јуниори и кадети во Чиле.
Носители на сребрени одличја се Христијан Миленкоски и Стефан Петрески, додека Симон Петрески и покрај трите победи на почетокот од борбите не успеа да се закити со медал.
- Овој турнир е прв за оваа сезона и се уште натпреварувачите не се во најдобра форма. Воедно ова беше прва контрола за каратистите пред изборот за учесници на СП. Задоволни сме со успехот и прикажаното на каратистите. – изјавија од клубот.
Следното државно првенство ќе се одржи во октомври месец.
OhridNews