Во контролен натпревар што се одигра вчера во спортската сала Билјанини извори, ракометарите на Еурофарм Пелистер го совладаа Охрид со 22: 25, полувреме 11:13.
Охриѓани пружија силен отпор против фаворитот за титула во домашното првенство. Наизвесно и израмнето на семафорот беше се до 57 минута кога Охрид не реализира контра, по што следеше казна од битолчани кои машки се испотија за победата.
Шанса да настапат на натпреварот добија и помладите играчи на Охрид, кои оставија добар впечаток.
Еурофарм Пелистер ги продолжува серијата подготвителни натпревари на турнирот што во Атина го организира АЕК, пред настапот во еврокуповите претстојната есен, а ГРК Охрид, внимателно ја темпира формата пред стартот на новото првенство во Супер лигата.
OhridNews