Околу 40 единици крв се собраа на првиот ден од крводарителската акција „Плаошник 2020“ што во организација на Црвен крст Охрид се реализира во спортската сала на ОУ „Св.Климент Охридски“ во Охрид, која традиционално се одржува за празникот Св. Климент и Св. Пантелејмон.
Крводарителската акција продолжува денеска од 09 до 13 часот. Во овој период сите хумани граѓани можат да ја даруваат драгоцената течност која спасува животи.
Крводарителската акција се одвива според сите потребни протоколи и мерки за заштита од Ковид-19.
Г.М.