Тајфата на Голабовци, која повеќе од петтнаесет години, активно се занимава со лов, викендов во месноста “Тројанска чука“-охридско, отстрела две диви свињи.
Ловџиите пресретнале поголема група диви свињи, а “најксметлии“ биле Љубен Скендероски и Ванчо Кркулески, кои успеале да отстрелаат две свињи.
Вепарот имаше околу 100 кг, а свињата околу 130, велат ловџиите Номче Јаманди и познатиот радиоводител Жанко Зш Голабоски.
Секогаш е добро кога има добар улов, но најбитно е дружењето велат ловџиите од тајфата на Голабовци.