Утрото беше студено со температури во минус. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Кон крајот на денот и во текот на ноќта облачноста ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен до југозападен правец.

Максималната температура во Охрид ќе достигне 5 степени.

Во првите денови од новата работна седмица не очекува облачно време со врнежи претежно од снег, а во централните и југоисточните делови од дожд.

Врнежите ќе бидат пообилни особено во западните делови каде што ќе се зголеми снежната покривка. Ќе дува умерен до засилен јужен, а во текот на ноќта повремено засилен северен ветер.

Утринската температура ќе биде во минус, а максималната дневна ке достигне до 6 степени.

Г.М.