Основниот мотив на оваа монодрама е љубовта како движечка сила во животот и на сцената. Таа е една интимна исповед на доајенот на македонското глумиште, Јоана Поповска, искажана преку ликовите од пиесите: “Столови“, “Трите високи жени“, “Пиреј“, “Свадбата на Мара“, кои зборуваат за својата љубов кон мажот, љубовта кон децата и љубовта кон сите луѓе.
Претставата започнува во 20 часот.
Покрај Малиот драмски театар предвидено е во Охрид да гостуваат и други театри од земјвава, што заедно со редовниот репертоар на Градскиот театар, ќе ја зголемат културната понуда во градот.