Денеска ќе преовладува стабилно, суво и релативно топло време со утринска магла по котлините. Во четврток попладне се очекуваат врнежи од дожд, особено во вечерните часови кога ќе има и локална појава на грмежи.

Поради продор на многу студена воздушна маса од север во петок ќе има значителен пад на температурата, проследен со силен северен ветер кој ќе достигнува брзина над 100 км/час и врнежи од снег и во пониските места.

OhridNews