Во култниот филм снимен во 1995, Робин Вилијамс глуми човек кој бил заробен во друштвена игра и случајно е ослободен од неколку деца кои мораат заедно да ја завршат играта и да се изборат со “чудовиштата” кои излегуваат од истата.

Оригиналниот филм ја одушеви публиката но и критичарите и заработи импресивни $260 милиони долари.
Филмското студио Колумбија најавува нов филм кој ќе биде продолжение на првиот, а единственото нешто што е познато за него е дека ќе се работи за нова и помодерна верзија на играта.