Со нов, свеж. 90-минутен комиченм материјал Никола Тодороски овој петок ќе ја продолжи стендап револуцијата, со која и објави војна на културната затаеност во Охрид. На 27.02.2015 во Центарот за култура „Григор Прличев“-Охрид со почеток во 20:00 во големата сала премиерно ќе биде изведен најновиот материјал на популарниот македонски стендап комичар насловен како „СТЕНДАП РЕВОЛУЦИЈА“.

Ова е трет дел од проектот „СТЕНДАП РЕВОЛУЦИЈА“ кој Никола го започна во декември минатата година. Предизвикот кој си го постави Никола со овој проект е секој месец од декември 2014 до јуни 2015 да пишува нов материјал од по 90 минути, нешто што само по себе е револуционерно и никогаш не е направено до сега, а со тоа да придонесе за подигање на нивото на хуморот во рамките на целата држава.

Билетите по популарна цена од 150 денари ќе бидат пуштени во продажба во среда, 25-ти февруари и ќе можат да се купат на касата при центарот за култура.

OhridNews