Во наредните денови следи прилишно драматична промена на времето.
Во сабота времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Максималната температура во Охридскиот регион ќе достигне до 20 степени Целзиусови.
Од недела попладне и во нареднате денови нашето подрачје ќе биде под влијание на серија влажни воздушни бранови од Медитеранот. Ќе преовладува облачно и нестабилно време, на повеќе места со обилни врнежи од дожд (над 50 л/м2). Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со грмежи, засилен ветер и појава на град, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
OhridNews