По деновите со свежи ноќи и утра следи значително затоплување. Денеска температурите во земјава насекаде ќе бидат над триесеттиот степен Цлзиусов. Во Охридскиот регион максималната температура ќе достигне до 32 степени, а индексот на УВ зрачење ќе биде висок и ќе изнесува 9, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Во вторник ќе биде уште потопло. Ќе преовладува сончево време со умерена облачност и со умерен до засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието. Попладне ќе има услови за краткотраен локален дожд на места. Максималната дневна депмература ќе се движи во интервал од 29 до 37 степени, а УВ индексот ќе изнесува 8.
Сончево и многу топло време не очекува и во среда.
OhridNews