Туристите кои овие денови сакаат да се искачат на врвот на Ајфеловата кула во Париз мораат да чекаат со часови во долги редови, или да тргнат пешки и да искачат 1665 скалила, а причина за тоа е што два од трите лифта се надвор од употреба. Еден од лифтовите изненадно паднал, но за среќа во него немало никој, а другиот се наоѓал на двегодишно реновирање.
Познатата кула има уште еден, четврти лифт, но тој е резервиран за гостите во ресторанот „Жил Верн“ кој се наоѓа на вториот кат. Обично во ова време од годината, кулата прима околу 25 илјади посетители дневно. Минатата година Ајфеловата кула била посетена од 7,1 милион лица.