На бесплатниот телефонски број 197, кој го воведе Царинската управа, во изминатите шест месеци биле примени над 50.000 повици на граѓани кои се жалеле на работата на царинските службеници. Дел од нив се однесувале и царински прекршоци на фирми. Ова го соопшти директорот на македонската Царина, Ванчо Каргов, кој во Охрид деновиве има работна средба со претставници на холандската Царина.

Меѓу другото на средбата ќе стане збор за зголемување на капацитетите на македонската царина и зголемување на трговијата. Средбта е во рамки на твининг програмата која има за цел доближување на Македонија до европските стандарди.

ohridnews