По препорака на УНЕСКО, во локалната самоуправа забрзано се работи на изготвување на регистарот на дивоградби. Нивниот број е околу 600, но како што потенцира градоначалникот Константин Георгиески, сите не се во заштитено подрачје.

  • Тоа е голема бројка, но не се сите објекти во крајбрежје и заштитен појас. Во нив има и урбана опрема, предмет прозор, гаража, сите предмети немаат иста тежина. Почнавме селекција на дивите градби кои се во крајбрежен појас и во националниот парк Галичица и до среда ќе го имаме финалниот број на дивоградби, изјави Георгиески.

Не открива што точно понатаму ќе се случи со објектите за кои ќе се утврди дека се нелегално изградени и се наоѓаат на брегот на езерото или во националниот парк.

  • Ќе видиме дали ќе рушиме, тие објекти за кои има одлука за отстранување треба да бидат предмет на третирање и да се донесе одлука за понатаму. Најлесно е да се руши, јас не сум поборник на репресија, но ќе треба да изнајдеме решение. И да се отстрануваат, тоа сигурно нема да биде во сезона, вели градоначалникот Георгиески.

Токму најголемиот акцент во извештајот на УНЕСКО кој содржи забелешки и препораки, беше ставен на дивоградбите и немањето на регистер на нелегални градби.

Т.К.