Со измените во законот за градежно земјиште, односно од неговата продажба, до крајот на оваа година општината очекува во нејзината каса  на име комуналии да  се слеат над 13 милиони евра.

На тој начин општината ќе може да го врати преостанатиот долг, кој изнесува околу 5 милиони евра, но и да инвестира во сопствениот развој, оптимистички најави градоначалникот, Александар Петрески. Тој очекува најдоцна до крајот на идниот месец владата да ги усвои измените во законот за локална самоуправа со што на општината Охрид ќе и се овозможи одложено да го сервисира преостанатиот долг, што пак  ќе и овозможи влез во втората фаза од децентрализацијата.

Ohridnews