До средината на февруари ќе биде распишан тендер за закуп на аеродромите Александар Велики во Скопје и Свети Апостол Павле во Охрид. Тендерската постапка ја подготвува меѓународната консултантска куќа НАКО, која ја подготви стратегијата за модернизација на аеродромите во Скопје и Охрид, објави телевизијата Канал 5.
Според препораките на консултантот НАКО, за македонските аеродроми да станат како европските потребни се околу 120 милиони евра. Со студијата се препорачува на охридскиот аеродром да се обнови пистата, доопремување на карго терминалот но и да се зголеми капацитетот за прифаќање на поголем број патници.
Доколку се испочитуваат роковите за тендерот се очекува дека кон крајот на мај годинава ќе се знае која ќе управува со македонските аеродроми.
ohridnews