За таа цел редизајнирана е официјалната веб страна на министерството, mvr.gov.mk.
– Преку притискање на полето означено како „Контакт-центар“, заинтересираните граѓаните имаат три опции и тоа: да закажат термин за аплицирање за вадење на личен документ, да побараат проверка на веќе закажаниот термин доколку го смениле телефонскиот број, не добиле порака или истата ја избришале и да проверат дали нивниот личен документ е изработен и дали може да го подигнат. Согласно динамиката на работење на повикувачкиот центар, предвидено е граѓаните најдоцна во рок од 48 часа да добијат одговор на овие барања, соопшти МВР.