Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 13, а максималната ќе достигне од 20 до 26 степени.
Во Охрид сончево со мала до умерена облачност. Максималната температура ќе достигне до 22 степени.
До крајот на оваа седмица ќе се задржи сончево време со студени утра, а релативно топло преку денот.
OhridNews