Ханс Јоаким Шелнбер, кој го води Институтот за истражување на глобалното затоплување и Јохан Марток, угледен метеоролог, тврдат дека истражувањето спроведено под водство на Обединетите нации, кое предвидува дека висината на морињата ќе порасне за еден метар, е застарено.
„Очекуваме дека висината на морињата ќе порасне за еден метар“ – рекол Шелнбер.
Тој додал дека меѓународните планови со кои порастот на глобалната температура до крајот на веков ќе порасне за 2 степени Целзиусови би можеле да се остварат само со огромни напори.
Шелнбер е службен советник на германската канцеларка Ангела Меркел за прашања поврзани со климатските промени.