До крајот на месец август 2015 година треба да заврши ентериерното уредување на Куќата на Ајри Доко, со што ќе биде финализирана реконструкцијата на овој објект кој е типичен пример на охридската архитектура од 19 век.

Како што соопшти Министерството за култура на Република Македонија во текот на изминатиот период беше извршена факсимилна обнова на ова евидентирано споменично добро.

-Проектот за факсимилна обнова на oвoj објект од староградската охридска архитектура се реализира во соработка со Заводот за заштита на спомениците и музеј од Охрид, а во рамки на Програмата за заштита на културното наследство. Досега, се завршени градежните активности на надворешноста на објектот. Во рамки на градежните активности, поради сериозните оштетувања на темелите, стариот објект на куќата беше урнат и потоа беа ставени темелите на новиот објект и беше бетонирана првата плоча. Градежните работи продолжија со тоа што беа оформени приземјето и катот од објектот, беше поставена дрвена покривна конструкција, а се санираше и фасадата, информираат од Министерството.

Куќата на Ајри Доко e  лоциран на улицата „Цар Самуил“ во стариот дел на Охрид.

OhridNews