Можеби ви изгледа како научно – фантастичен филм или само уште една компјутерска игра, но наскоро би можело да биде реалност.

Спрема најавите за тоа ќе се погрижи британскиот воен гигант БАЕ Системи кои работат на серија мали роботи. Електрични пајаци, змии и други инсекти до крајот на оваа година би требало да бидат очи и уши на војниците. Луѓето роботите би ги донеле што поблиску до непријателските линии, а тие неприметно би се вовлекле во непријателскиот логор и да ја снимат ситуацијата. БАЕ на развојот на роботите работи за америчката војска, а потпишан е договор вреден повеќе милиони долари.


Роботите ќе се движат како пајаци, а се надеваат дека во иднина ќе можат да направат робот кој ќе се влече како змија или да лета како птица. Додека некои од роботите ќе бидат опремени со опрема за снимање, други ќе бидат опремени со сензори за откривање на хемиско, биолошко или радиоактивно оружје. Британските програмери тврдат дека роботите би можеле да спасат многу човечки животи кога ќе излезат на фронтот.