До крајот на денот ќе преовладува сончево со умерена облачност. Во западните и југозападните делови ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и услови за изолирано краткотрајно невреме.
Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието и во источните делови наместа повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 30 до 37 степени. УВ=8.
Во Охрид променливо облачно со сончеви периоди. Попладне со услови за локална појава на пороен дожд и краткотрајно невреме. Максималната температура ќе достигне до 31 степен.
Од утре ќе преовладува сончево и топло време со слаб до умерен северен ветер, поизразен долж Повардарието. Во планинските подрачја ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмажи.
OhridNews