Група граѓани, жители на улица “Питу Гули“ со писмо се обратија до Ohrid News за проблемите со некултурата и недисциплината на возачите.


– Кога веќе немаме каде повеќе да се обратиме решивме да се пожалиме до најчитаниот портал во државава со надеж дека тоа ни е последна шанса. Се недеваме дека на ваков начин ќе го актуелизираме нашиот проблем и на крај ќе биде решен. Со ова обраќање не само што сакаме овај проблем да излези на површина туку сакаме и да прашаме: До каде оди нашата култура воопшто, а посебно сообраќајната?

Ако се работи за прашање дека треба некого да го “воспитаме“ само заради тоа да има култура не би се обратиле воопшто. Кој како е роден. Но веќе овде се работи за некултура, недисциплина која не дај Боже можиме ние жителите на улицата “Питу Гули“, посебно нашите деца, да ја платиме скапо.

Како што се гледа од приложените слики ние не сме во можност ама во ниеден дел од денот да ги користиме тротоарите за безбедно движење, а посебно нашите деца кои и да сакаме не можиме секогаш да ги пратиме каде и како се движат. Дечињата се приморани кога се движат по тротоарот многу често да ја напуштат таа површина и да го користат коловозот како би ги заобиколиле паркираните возила на несовесните возачи.

Благодариме на локалната и градоначалникот кој ја среди оваа улица и тротоарите. Но какво фајде од тоа кога ние не можиме да ги користиме истите или во најдобар случај не можиме безбедно да ги користиеме.

Покрај овој проблем се пројавува и дрг. Од како е направена улицата се вози безобразно брзо на истата и заедно со примораноста на децата да го користат коловозот за движење доаѓаме до едно суштински прашање до надлежните (полицијата): Дали знаете колку сме не безбедни движејќи се по ова улица и дали знаете дека безбедноста пред се на нашите деца е сведена на една голема НУЛА.

Ова не само допис од група граѓани од ул.“Питу Гули“ туку повеќе е АПЕЛ до надлежните: Ве молиме направете услови за безбедно движење на сите нас и нашите деца.

Не случајно ова апел го упатуваме баш сега. За две недели започнува школската година на нашите основци. Дали можите да замислите каква гужва ќе биде од деца-пешаци на улицата со паркирани возила? Колку безбедно нашите деца ќе стигнуваат или ќе го напуштаат школото?

Надлежни, подобро е сега да размислите за нашиот апел затоа што ние нема да дозволиме нашите деца и ние не дај Боже да настрадаме. Но нашиот начин на решавање на овој проблем би бил уште по некултурен од возачите кои брзо возат и паркираат на тротоарите. Зато што нашите нерви се прикрај заради тоа што надлежните до сега покажаа дека малку се грижат за непочитувањето на сообраќајните прописи и закони. 

Го покануваме и градоначалникот г-дин Никола Бакрачески додека е уште време да испие со нас по едно кафе за да може да се увери во сето ова што ви го предочуваме како апел. Г-да надлежни, утре и вашето дете може да има потреба од користење на оваа улица или тротоар. – стои во писмото. 

Група граѓани на град ОхридЖители на улица “Питу Гули“

Ставовите во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се лични ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив.