Повеќе од 100.000 барања за откуп на дворно земјиште пристигнале до Министерството за финансии до истекот на рокот за откуп на дворовите.

На последниот ден пред истекот на рокот 14.000 граѓани ја доставиле потребната документација со која аплицираат за откуп на дворовите до Управата за имотно-правни работи во министерството.

Од министерството наведуваат дека ниту оваа бројка не е конечна, бидејќи до подрачните единици се уште пристигнуваат апликации по пошта, кои ќе бидат земени предвид при решавање на барањата.

Покрај граѓаните , и фирмите покажале интерес да го искористат попустот од 30 отсто за приватизација на земјиштето кое го користат. До подрачните единици на Управата, од март минатата година, до истекот на рокот поднесени се вкупно 1.615 барања од правни лица.

OhridNews
извор: Makfaks