Ако мислите дека сте еден од “среќниците” кои не биле натерани да го променат својот Facebook профил во Timeline, тогаш треба да знаете дека до оваа есен сите корисници на социјалната мрежа ќе го добијат новиот Timeline без разлика на тоа дали тие сакат или не.

Timeline беше претставен во Јануари оваа година, а Facebook повремено присилуваше се повеќе и повеќе корисници да почнат да го користат. Со новата одлука овој процес ќе биде забрзан па се очекува во следните неколку месеци да ги зафати сите корисници.