Охридските љубители на филмската уметност од 3-ти ноември, понеделник, во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе имаат можност премиерно да го погледнат најновото филмско остварување „До Балчак” на режисерот Столе Попов.
„ До Балчак” е работен по сценарио на Горан Стефановски, а директор на фотографија е Апостол Трпевски. Музиката во филмот е дело на Дуке Бојаџиев, сценограф е Миленко Јеремиќ, а костимограф Емилија Ивановска. Главните улоги во филмот ги толкуваат: Инти Шрај, Мартин Јордановски, Сашко Коцев, Тони Михајловски, Мики Манојловиќ, Искра Ветерова, Никола Којо, Сенко Велинов, Никола Ристановски.
Проекцијата на филмот ќе започне во 20 часот, а влезот чини 100 денари.
OhridNews