Македонскиот филм „До Балчак“ на режисерот Столе Попов е единствениот пријавен кандидат од земјава за престижната награда „Оскар“, соопшти Друштвото на филмски професионалци на Македонија.

Во идниот период, Комисијата треба да одлучи дали филмот ќе ја претставува Македонија во конкуренција за Оскар од неанглиско говорно подрачје.

Инаку, филмот на Попов својата премиера во земјава ќе ја има на 14-ти овој месец на фестивалот „Браќа Манаки“ во Битола.

OhridNews