По тој повод квалификуваните компании за учество во втората фаза од тендерската постапка вчера во Скопје се сретнаа со владини претставници. На средбата станало збор за тендерската документација и текот на постапката.
Како што е познато, за концесионирање со аеродромите во Охрид и Скопје и за изградба на карго аеродром во Штип заинтересирани се „„Vienna International Airport” – Австрија, “TAV” – Турција, “Hochtief“ – Германија и “EGIS – Koupthing Singer & Friedlander” – Франција/Велика Британија. По завршувањето на тендерската постапка владина комисија ќе ги избере најдобрите понудувачи.