Бројот на персонални комјутери во употреба низ целиот свет ќе се зголеми на 2 милијарди во наредните 6 години, покажало истражувањето на фирмата за истражување Гартнер.

Истражувањето покажало дека бројот на персонални компјутери во употреба секоја година расте за 12 проценти, и дека оваа година низ целиот свет ќе се заменат со нови околу 180 милиони компјутери или отприлика 16 проценти.

Поголем дел од растот на процентот го прават земјите во развој, се наведува во извештајот.

„Развиените пазари како што се американскиот, европскиот и јапонскиот сочинуваат 58 проценти од инсталираните комјутери во светот, но тој пазар брои само 15 проценти од светската популација“, предупредил аналитичарот во компанијата Џорџ Шифер.

„Очекуваме дека процентот комјутер по жител на новите пазари ќе се зголеми за двојно до 2013 година. Брзиот развој на пазарите во развој произлегува од експлозивното ширење на широкопојасните и безжичните приклучоци на интернет на тие пазари, и континуираниот пад на просечната цена на комјутерите“, толкуваат во Гартнер.