До 18:30 часот на 87 избирачки места во Охрид гласале 26.171 лице, односно 50,64 отсто од запишаните во избирачкиот список. Во единствениот избирачки список регистрирани се 51 717 лица.

Во Дебрца до 18:30 часот правото на глас го искористиле 1.961 лице или процентуално 56,22 од вкупниот број запишани гласачи. Во Дебрца се гласаше на 23 избирачки места, а во избирачкиот список запишани се 3938 гласачи.

Гласачките места се затворени во 19 часот, а текот на изборниот процес во Охрид и Дебрца се одвиваше тековно и мирно. Поднесени беа по два приговори во двете општини за лица кои не биле запишани во избирачките списоци и регистрирано беше едно лице во Охрид кое го фотографирало гласачкото ливче во изборното место.

На ниво на држава излезеноста на претседателските избори до 18:30 часот изнесува 48,45 отсто.

Н.С.Ј.