До 18:30 часот излезеноста во Охрид е 56,85% за претседателските избори, додека за парламентарните избори 57,30 % oтсто, покажуваат податоците од ДИК.

Како што информираа претходно од ОИК Охрид поднесени биле 12 приговори од лица кои не се внесени во Избирачкиот список. Од нив одбрени биле 8 и на лицата им е овозможено гласање, три одбиени, додека еден приговор бил отфрлен.

Во Охрид се гласаше на 87 избирачки места, а во Избирачкиот список запишани беа 51.717 избирачи за претседателските, додека за парламентарните 51.865 лица.

Излезеноста во Дебрца до 18:30 часот за претседателските избори е 60,36%, додека за парламентарните е  60,19 отсто, покажуваат податоците на ДИК.

Во Дебрца се гласаше на 23 избирачки места, а во Избирачкиот список за претседателски избори запишани беа 4001 лице, додека за парламентарните 4009 лица.

Избирачките места се затворени во 19 часот.

Н.С.Ј.