Изборниот процес во општина Охрид минува во мирна и демократска атмосфера без евидентирани нарушувања на текот на гласањето. Од Општинската Изборна комисија информираат дека до 17 часот во општина Охрид правото на глас го оствариле 27.937 гласачи, односно 52.9% од вкупно запишаните на избирачкиот список.

Во општина Охрид право на глас имаат вкупно 52.858 граѓани.

OhridNews