Според податоците на ДИК до 15 часот, во општина Охрид од вкупно запишаните 52.223 гласачи, правото на глас го оствариле 18.473 односно 35,4% . Споредено со излезноста до 15 часот во првиот круг од гласањето на локалните избори на 21-ви април, денес се бележи помала излезност за 1,9 %.Во првиот круг на локалните избори до 15 часот во општина Охрид гласале 19.507 граѓани, односно излезноста била 37.3%.

Во општина Струга, од вкупно запишани 60.505 гласачи, до 15 часот на гласање излегле 10.714 граѓани, односно 17.72%.

Во општина Дебрца, од вкупно запишани 4.422 гласачи, до 15 часот гласале 1.665 односно 37.70%.

На ниво на државата, до 15 часот излезноста е 30.14%. Од вкупно запишани 1.808.131 граѓани, на гласање излегле 542.901.