Процентот на излезени гласачи во општина Охрид до 14 часот изнесува 36,2, информираа од Општинската изборна комисија.
Според претседателката, Марика Ангелеска, досегашниот изборен тек се одвива мирно, без инциденти и во демократска атмосфера.
Нешто помала е излезноста во Струга. Државната изборна комисија попладнево јави дека ОИК со допис ја информирало за одредени забелешкиз а текот на изборниот процес доставени од политилки партии, кои во моментов се проверуваат.
Ohridnews