Општинската изборна комисија потврди дека до 13 часот  своето право на глас во општина Охрид го оствариле 30 проценти од вкупно запишаните 53 893 гласачи.

Излезноста е утврдена од обработените 65 избирачки места во општинава.

Како што веќе објави Ohridnews, до 10 часот претпладнето, на локалните и претседателските избори во охридската општина своето право на глас го остварија 7, 16 проценти од граѓаните.

Со нови информации за излезноста на овие избори, Општинската изборна комисија ќе се огласи во 16 часот.

Во 7 часот се отворени сите избирачки места, освен гласачкото место во Скребатно, кое што е отворено со мало задоцнување, каде што избирачкиот материјал поради снегот е пренесен со возило на Центарот за управување со кризи.

Изборниот процес до овој момент е регуларен без никаков инцидент,соопшти претседателката на Општинската изборна комисија, Марика Ангелеска. Гласачките места ги обезбедува полицијата.

Денеска членовите на Општинската изборна комисија – ОИК, беа во обиколка на гласачките места.

Оhridnews