Во општина Дебрца од вкупно 5598 избирачи, до 10 часот на гласање излегле 654 или околу 11%.
Изборниот процес во Охрид и охридско досега се одвива мирно и без инциденти. Градоначалникот на Охрид Александар Петрески денеска изрази надеж дека изброниот процес во Охрид ќе помине во фер и демократска атмосфера, онака како што му доликува на најголемиот туристички центар.