Според податоците од Државната изборна комисија, до 17 часот, во општина Охрид каде се гласа за претседател на државата и градоначалник, од вкупно запишани 52.223 гласачи своето право на глас го оствариле 22.969 граѓани, односно 44.74%
Во општина Струга, од вкупно запишани 60.505 гласачи, до 17 часот на гласање излегле 14.933 граѓани, односно 24.70%.
На ниво на државата, до 17 часот излезноста е 34.46%. Од вкупно запишани 1.808.131 граѓани, на гласање излегле 602.931.
OhridNews